Санс 27. VIII ‘09
Санс се уште енергичен
По пауза од три години, култниот македонски состав од 1990-тите години на минатиот век Санс, повторно ја изненади публиката со концертот во МКЦ, кој се одржа спроти големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица.
Оригиналната формација, Ѓокица Зафировски, Саша Павловиќ и Андреј Анастасов, докажа дека за нив за сe уше е предизвик да се свири пред домашната публика.
За жал, и овој пат холот во МКЦ, каде што се одржуваше концертот, беше полупразен, но затоа, пак, оние што беа присутни имаа можност по долги години повторно да почувствуваат енергијата на песните како Брејкер, Двајца, Мој, Луѓе, Белег, Талог и многу други.
Иако тројката не свири постојано, имајќи предвид дека Ѓокица Зафировски живее во Лондон, сепак, секое нивно видување во Скопје, по правило, завршува со добар концерт.
Преземено од Нова Македонија
Повеќе инфо на www.sunsblog.net/ |