Прва страница
КолуМММни
МММојот избор
КоМММентар
Балкански вести
Clubbing
Интервјуа
Концерти
ММMp3
МММр3 надежи
АлбуMMMи
Фото-галерија
Видео-галерија
Изведувачи
Топ 7
MMM's workshop
МММ ммс
Линкови
KоМММентари
Архива
iMMMpressum
МММаркетинг
Стар сајт
Контакт
ФоруМММ
E-MMMail листа
Внесете e-mail aдресa зa дa бидете известувани за новостите на МММ.com.mk
Анкета
Што задолжително треба да поседува секоја идна голема ѕвезда?
Совршен вокал
Харизматичност
Убавина
Да ја сака камерата, микрофонот и новинарите
Помина времето на големи ѕвезди

Датум: ...
Постари статии
MMMојот избор
Димитар Божиков
МММојот избор
Боби Серафимовски
МММојот избор
Александар Митевски
МММојот избор
Моето второ ЈАС: ДНК
DJ Вани
Јаков Дренковски
Арбен Шаќири
Златко Ориѓански
Александар Белов
Марко Маринковиќ – Слаткаристика
 
 
Bookmark and Share
Концерти

Митан проект 8. VIII ’09

Eлегични приказни го обоиa Античкиот театар

Свирачки прецизен, комуникативен, со песни што директно ги разбудуваат нежноста и убавината во секого од нас, тие не втурнаа во светот во кој локалното станува универзално, а музиката ви станува потреба за бегство од какафоничната турбосегашност

Македонија со Митан проџект добива уште една музичка тајфа што ги има сите предуслови да ги освојува најпрво регионалните, потем и европските и светските концертни сцени. Со концепт што се потпира на најубавите македонски песни и изведба во која се вткаени мајсторството на инструменталистите и реалната потреба да се фатат во костец со нивната ненадминливост, што е процес рамен на одење на острица од сечило, оваа дружина стамено чекори по патот на големите легенди проникнати на ова тло и силно ја кажува сопствената желба за продолжување на таквото дело. Притоа, егзотичноста на понудата можеби е само рамката во која се движат нивните стремежи и на која ќе се лепи увото на слушателот, кој површно или досега воопшто не се сретнал со македонскиот музички јазик, но стои и фактот дека ова се првичните чекори на состав што, пред се со преаранжирањето на бисерите од антологијата на македонската музика и потем со силината на своите изведувачки аргументи, може да се наметне како една од перјаниците на севкупната културна понуда на оваа мала, но музички голема земја.

Ова во неколку реченици може да се констатира по концертот на Митан проџект, одржан завчеравечер во Античкиот театар во Охрид, во рамките на оф-програмата на годинешното 49-то Охридско лето. Андријана Јаневска (вокали), Димитар Димовски (тапани и удиралки), Дамир Имери (клавијатури), Гоце Димовски (кавали и гајда), Газменд Бериша (виолина) и Ади Имери (акустична гитара), како дел од многубројната екипа што ги сними обете изданија - ланскиот Македонски рози и штотуку објавениот албум Приказна за едно моме, во нешто повеќе од час и половина, направи концерт што можевме да го очекуваме од уметници со нивно реноме. Свирачки прецизен, комуникативен, со песни-љубовни стории, кои директно ги будат нежноста и убавината во секого од нас, тие нe втурнаа во светот во кој локалното станува универзално, а музиката ви станува потреба за бегство од какафоничната турбосегашност. Омеѓен простор во кој со песните што ги пее душата, со елегиите како Параходот, Руси коси, Македонско девојче, Јовано, Јованке, Дафина... ги бркате злите духови на овие транзициски рецесиски времиња.

И затоа неважно станува што во некои од изведбите спојот на традиционалното со модерното станува непотребно пренагласен (како во случајот со Приказна за едно моме, која апсурдно токму поради таквиот чин, готановштината, станува хит?!), што Јаневска, која зад себе има солидна кариера како поп-пејачка и како хористка (Света Злата Мегленска) и инструменталистка во оркестарот на МОБ, знае да заборави на дисциплината при изведбата на овој тежок материјал, што Гоце Димовски (кој патем членува во Синтезис) не е користен и како кларинетист во некои од чалгаџиските песни, а згора со матриците е затворен и просторот за послободни солистички импровизации (младиот Ади, Газменд...), кои би му ја дале потребната поголема внатрешна динамика на проектот и тој би добил поинаква, посеопфатна и поуниверзална димензија...

Конечно, дури и фактот што со својата визија (или, ако милувате, пожелувана синтеза) Митан проџект не открива топла вода (оти ние поодамна како амбасадори на нашата современа музика, која се потпира на традицијата во глобални рамки, ги има(в)ме Синтезис, Драган Даутовски квартет, еве и младите Монистра...), не ја намалува нивната скорашна пројавност. Разбирливо, тие заедно зад себе имаат мала концертна километража, но не може да им се негира искуството што поединечно низ годините го наталожиле, а за професионалноста и да не зборуваме. Од таму, останува реалната потреба од старт да ја исклучиме силно истакнатата локална скептичност кон ваквите чекори, да не ги валкаме пред воопшто и да бидат распослани и на овие уметници да им пожелиме уште поголема смелост во претставувањето на овдешната звуковност во прифатливо стилизирани рамки пред интернационалната публика. Инаку, потписникот на овој текст, иако длабоко свесен за реалноста дека станува збор за отворен проект во кој мнозина мајстори на занаетот ќе доаѓаат и заминуваат, нивната вистинска атака допрва го очекува. Верува дека концертот на сцената на Античкиот театар во Охрид (кој, рака на срце, се обистини без и воопшто да биде извртен материјалот од вториот албум, што е сепак хендикеп за кој било состав и е само еден од неколкуте што тие го имаат потпишано досега) е само вовед во една позасилена изведувачка активност што ќе следува во иднина. Оти само така ним, на Митан проџект, и нам, на љубителите на убавата музика, ќе ни пеат срцата и ќе бидеме горди на звуците што ни пулсираат во вените. А, тоа не е мала работа. Не овде и сега!

Љупчо Јолевски
преземено од Нова Македонија


Датум: 12.08.2009.


Ваш коментар
Сите полиња се задолжителни!
Од:
Коментар: 
Внесете код: ASP CAPTCHA Generator



tomas --- 10.03.2010 21:16:58
super
Aussie Fan --- 12.09.2009 02:03:45
Koncertot bese dobar, a ozvucuvanjeto nula. Ton inzenerot treba da si bara druga rabota.
Biba --- 18.08.2009 15:41:29
Koncertot beshe odlicen sekoja cest samo napred

Фото-галерија

Мартин Србиноски

MMМusic player

Texte alternatif


ПрепорачуваМММе
Ева: Приказни од рајот (8)
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Нови албуМММи


Датум: ...
МММp3-ка на неделата
СиМММни сега - Free!!!
Видео

Калиопи - Не сум како ти


Датум: ...

Ф.И.С.Т. - Да ве чујам сега јако

Next Time - Убава


Датум: ...

Тони Зен - Okey


Датум: ...
Балкански вести
Најава за нов албум
Единствен проблем, заради кој може да дојде до поместување на термините, е постојана ангажираност на Бајага & Инструктори
25 спота на едно место
Во годината кога Црвена јабука одбележува 25 години од своето постоење, дискографскиот гигант Кроација рекордс го објави првото DVD во кариера на бендот
Радост за фановите
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавување DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ
Хит во Босна
Интернационален проект во формирање
Петок, на пладне
Ексклузивно
Анкета
По повеќе од 20 години
 

Најнови МММp3

ОХРИД ФЕСТ 2010
Црвено сонце
Магдалена и Врчак
Осамен
Кико
Да ве чујам сега јако
F.I.S.T.
100% funkyhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Александар Митевски rmx
Не ми глуми невинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Дарко Иливески
Полна месечинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
DJ Вани

Вљубен сумhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Мартин Србиновски

Angelshttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Тамара
Тој што нема гревhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Биба Додева
Добар данhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Александар Белов


Датум: ...
Настани
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Средства без цел, знаење без цена
На 7-ми и 8-ми септември
Постари вести
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Деби албум
Охрид-фест 2010
Културното лето Карпош 2010
На Детската улица во Ново Лисиче
Ексклузивно!!!
Достапно на YouTube
Поп-вечер на Охрид-фест 2010
По осум години пауза
Kaj манастирот Свето Преображение

Датум: ...
Copyright©2003-2010 by Equinox СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ