Со првиот солистички концерт одржан во петокот во полната Универзална сала, близнаците од Next Time покажаа дека имаат капацитет и квалитет да направат одлична забава за своите фанови – пишува Дневник. Првите звуци на нивниот нов хит Декември веднаш го отслика односот меѓу публиката и бендот и најавија какво ќе биде расположението до крајот на двочасовниот концерт. Секоја нивна песна беше проследена со кренати раце, танцување и хорско пеење. Се создаде амбиент што се опишува со еден збор - еуфорија.
Станете, пејте и танцувајте со нас. Ова е прекрасна вечер. Среќни сме зашто ни се оствари сонот - им рече на присутните Стефан, вокалот на бендот.
Рок-двоецот Мартин и Стефан успеаја да го остварат својот сон само по две години активност на сцената. На концертот ги отпеаја темите од својот деби-албум, но публиката ја изненадија и со изведбата на светските хитови Why did you go, Always, Here i go again и Карузо, во кои до израз дојдоа вокалните можности на Стефан. Фановите, облечени во бели маички на кои пишуваше Те сакаме Некст тајм, наизуст од почеток до крај ги пееја сите песни. Најупорните од нив успеаја да се искачат на сцената да ги бакнат, а некои и да запеат со нив.
Ви благодарам, вие сте ни најважни и не можеме без вас - велеше Стефан, обидувајќи се да им одговори на нивните емоции.
Двомесечните подготовки резултираа и со голема уиграност меѓу близнаците и бендот на сцената составен од искусни музичари. Аплаузи предизвика и настапот на Ламбе Алабаковски, кој беше единствен гостин на концертот. Поддршка од публиката младите близнаци добија од своите колеги Канго, Тони Зен, Калиопи и Наум Петрески.
Евровизиската тема Нешто што ќе остане го означи крајот на концертот. Но, расположената публика ги врати на бис. Next Time се раздели од своите верни фанови со надеж дека еден ден ќе ја наполнат Арената Филип Втори.
Дневник
Датум:
28.12.2009.
Ваш коментар
simon4e <3 --- 10.02.2010 17:51:39
next time imavte super koncert top ste sakav ve mwa <3
Simona <3 Next Time --- 24.01.2010 16:49:48
Najubavo beseeeeeeee t.e nemoze da se opise kakva atmosfera imase :D:D jas bev 1 reed i bese najubaav koncert do sea :))) i ke ja napolnata Arenata Filip vtori <3
I <3 Next Time --- 06.01.2010 19:11:17
najubavo bese na koncertoo ja bev ... najubava bese atmosferata !!
Гостин во рубриката МММојот избор оваа недела е Панчо, или DJ Шорти, најмногу познат како половина од познатиот дует ДНК. Неговиот избор, и неговите коментари се всушност она по што последниве години е познат
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Десетте песни чиј автор е фронтменот на Галија - Ненад Милосављевиќ (текстовите се на неговиот брат Предраг), се изборија за својот влез на албумот Место поред прозора