Прва страница
КолуМММни
МММојот избор
КоМММентар
Балкански вести
Clubbing
Интервјуа
Концерти
ММMp3
МММр3 надежи
АлбуMMMи
Фото-галерија
Видео-галерија
Изведувачи
Топ 7
MMM's workshop
МММ ммс
Линкови
KоМММентари
Архива
iMMMpressum
МММаркетинг
Стар сајт
Контакт
ФоруМММ
E-MMMail листа
Внесете e-mail aдресa зa дa бидете известувани за новостите на МММ.com.mk
Анкета
Што задолжително треба да поседува секоја идна голема ѕвезда?
Совршен вокал
Харизматичност
Убавина
Да ја сака камерата, микрофонот и новинарите
Помина времето на големи ѕвезди
Постари статии
MMMојот избор
Димитар Божиков
МММојот избор
Боби Серафимовски
МММојот избор
Александар Митевски
МММојот избор
Моето второ ЈАС: ДНК
DJ Вани
Јаков Дренковски
Арбен Шаќири
Златко Ориѓански
Александар Белов
Марко Маринковиќ – Слаткаристика
 
 
Bookmark and Share
Интервјуа

Арбен Шаќири

Единствено живеам за овој образ што го носам!

За Арбен Шаќири - Бени, ова лето ќе биде исполнето со нонстоп работа и нонстоп музика. Имено, со својот придружен состав, познатиот скопски рокер е на постојан репертоар на неколку градски клубови, одржувајќи кондиција и со настапи низ државата, а тука е и снимањето на новиот албум во студиото на Александар Митевски.

Возејќи се во автомобилот на Бени, ги преслушуваме завршените песни, кои се дел од проектот во подготовка, своевидна антологија на македонската рок-музика, и разговараме за остатокот на материјалот, дискографската криза, гордоста, доследноста во ставовите, и секако - за рокенролот, како религија која ги зближува луѓето, без оглед на нивната расна, верска, национална или политичка припадност...

Од каде идеја за еден ваков проект - преработка на македонски рокенрол-хитови?

Идејата тлее во мене подолго време, некои 15-ина години. Причината е едноставна - во времето кога дискографскиот пазар во Југославија беше преплавен од изведувачи од Љубљана, Загреб, Сараево и Белград од едната страна, Подгорица, Приштина и Скопје како да беа запоставени, па ретко кој од овие простори можеше да се пофали со винилно издание. Композициите кои до ден-денес останаа во сеќавањето на народот, останаа некаде раштркани по фонотеките на Македонската радио-телевизија, како единствен релевантен медиумски и дискографски фактор. Изведувачите од овие простори често пати беа спречувани во реализација на албумите, а и кога им се даваше шанса, им беа доделувани по службена должност продуценти кои не можеа да се носат со нивните песни. Затоа, во многу случаи, групите и не го даваа својот максимум... Еве, на пример, Цимер од Пеницилин никогаш не беше објавена на носач на звук, а остана до ден-денес...

Знаејќи го сето тоа, уште со некои мои први групи, јас се носев со мислата да реализирам албум со големи македонски рок-хитови, бидејќи живеам тука и знам дека на овој простор има многу добра музика и добри музичари. Тоа, секако, не го посакував заради лична промоција, која ја направив уште пред десет години, туку со достоинствена промоција сакам да остане траен запис на некои песни. И, од сите со кои досега контактирав, добив дозвола да ги преработам песните како самиот знам и умеам. А, бидејќи ми дозволија да го продолжам нивното дело, искрено им благодарам.

Што сe ќе содржи оваа компилација?

Не ми е целта да направам збирштина од сe и сешто, туку сериозна колекција на одбрани теми. Основната верзија на проектот би содржела 10 или максимум 12 песни, но којзнае, можеби утре ќе направиме и некаквоси продолжение. Досега се снимени шест песни, па ако сe биде како што треба, би го промовирал албумот некаде во периодот на септември или октомври. На албумот ќе се најдат Нена од Меморија, Чукни во дрво од Леб и сол, Пушти коси од Зијан, Неправда од Патика, Високи штикли и црни чорапи од Конкорд, Цимер од Пеницилин... Сигурно ќе биде преработена и Дал да плачам ил да пеам од Бис-Без, како и уште неколку интересни песни. Најпосле, не сакам да вметнам сe на овој албум, туку сакам да направам римејк на песните, кои се најблиски до мојот сензибилитет. Освен тоа, јас и Мизар ги сакам, и приватно и како фан, но мислам дека нивната музика не е мојот сенс. Исто така, би било глупаво да земам песни и од Сашка Петковска или Верица Ристевска, бидејќи и тие не се музика во која јас се пронаоѓам. Стари денс или диско-хитови нека ги преработат млади момци, кои ги бидува за тоа...

Би било добро еден ден во секој македонски дом да остане по еден примерок од ова издание, како некаков пресек за рокенролот на овие простори во изминативе 40-ина години.

Спомна дека твојата замисла со воодушевување ја прифатиле сите автори и изведувачи чија песна си сакал да преработиш?

Апсолутно за сите песни кои досега се готови, претходно добив согласност од нивните автори. Влатко Стефановски дури се понуди да помогне за сe што треба, како и Венко Серафимов, кој беше вистински воодушевен...

Кога сме кај Венко, ти си голем фан на Конкорд и на нивната Високи штикли..., која лани, благодарение на рекламата на Т-Мобиле, доживеа вистинска ренесанса. Малкумина се сеќаваат дека твоите соло-почетоци, пред некоиси 12-13 години, беа токму со преработка на овој домашен рок-стандард!

Јас сум фан на сите македонски бендови, дефинитивно! И, тогаш ја имав истата идеја. Но, тогаш немав ниту пари ниту технички можности за такво нешто. Денес се сменија работиве, можностите...

...Бидејќи стана познат, богат и славен...

(се смее) ...Да, станав познат и славен, но не сум богат, освен духовно. Сe уште немам ниту еден спонзор на албумот и сe што е инвестирано внатре, е инвестирано од мој џеб. Најголема помош имам од мојот бенд, како и од Александар Митевски, кој несебично ми ги даде клучевите од своето студио Торус да работам кога сакам и како сакам. Тоа никогаш нема да му го заборавам.



Албумот го подготвуваш во најлош можен момент за дискографијата, кога музичкиот пазар е дефинитивно мртов...

Во право си, но јас не го правам со тенденција да продадам или да заработам. Единствено посакувам по едно издание од овој албум да се најде во секој македонски дом. Тука се работи за култура, за музика, нема двосмислени трикови и политика...

Побара ли помош за албумот од некои релевантни институции, како што е Министерството за култура, на пример...?

Апсолутно не! Таму се обратив еднаш - лани или преклани некаде, кога ме известија дека буџетот за таа година е потрошен и да се обратам следниот пат. Тогаш сфатив дека таму не треба да се обраќам повеќе... Затоа секогаш ги стегам забите и се потпирам само на свои сили и на својот тим. А, и подобро е така, бидејќи никој нема да може да ми префрли дека овој или оној ми го спонзорира албумот... Сакам да си останам свој на своето!

Овој проект е прилично скап. Иако не плаќаш за песни, екипата ти е многубројна, а тука е студиото, па мастеринг во Лондон...

Ова е многу скап проект и јас тука немам простор за кикс. Еден погрешен чекор, и не ти простува ниту публиката, ниту тимот, ниту луѓето кои ти ги дале песните. Ова ти е исто како некој да ти го даде детето да му го причуваш, а ти од него направиш кретен, криминалец, нешто декадентно. Одговорноста е голема, а јас сум по природа одговорен човек, барем така мислам. И, убеден сум дека во рамки на условите, ќе го дадам својот максимум.

Твојот прв албум Суперстар, кој под фирмата Нон-Стоп го реализиравте со Дарко Тасев, сe уште важи за еден од најдобро продуцираните проекти во Македонија, ако не е и самиот врв!

Тоа не е само моја заслуга, туку и на бендот, на продуцентот... Тоа е склоп на околности. Валентино Скендеровски во студио го даде својот максимум, и фала му за тоа. Затоа тоа не е само мој албум, туку е и негов, бидејќи тоа е неговата продуцентска круна. Не знам дали тој ќе се согласи со ова, но знам дека не постои човек во Македонија кој ќе каже еден негативен збор за албумот. И ден-денес, за разлика од се друго, тој албум звучи супериорно. Не знам што е работата, дали другарството, дали ентузијазмот, дали желбите за докажување... Но, дефинитивно се препознаа нашите енергии и направивме добро дело. Така е секогаш - го даваш својот максимум, за да бидеш конкурентен. Единствено во животот живеам за овој образ што го носам, и не смеам да си го дозволам луксузот да го загубам на евтина фора, на петсто евра, на еден бек-вокал помалку на свирка или камера помалку на концерт...

Ти недостасуваат ли големи концерти, бидејќи си човек чиј клупски стаж е прилично голем? На постојан летен репертоар си на неколку скопски клубови, а тука се и свирките низ Македонија.

Да, тука се Колосеум, па Хавана, а имавме и свирки во Миднајт, па во ВИП во Прилеп, Расчекор во Битола... Кога имавме концерт во Универзална сала, некои ме одвраќаа дека таму не одат рокери. А, јас знаев дека таму свиреа и Парни ваљак, и Мизар и Казалиште... Јас сум предодреден прв да правам некои работи. За жал, Универзалната сала се уште е единствен релевантен музички простор во градот. Арената Борис Трајковски звучи грозно. Јас влегов на концертот на Влатко Илиевски, и единствено можев да ја слушнам бучавата. Но, грешката не беше ниту до Влатко, ниту до фирмата која озвучуваше. Едноставно - тоа е спортска сала, и работите се јасни. Јас сум љубител на живи свирки по клубови. 

Како публиката ги прифаќа песните од албумот кој го подготвуваш?

Фантастично! Секоја свирка, всушност, е концерт. И моите момчиња во бендот горат за музика. Тоа се луѓе со кои константно свирам пет години. На тапаните е Владимир Икономов - Хистер, бас-гитара Горан Станковиќ - Црни, соло-гитара Боби Василевски и ритам-гитара Мето Атанасовски. До пред една година Ана Бочек свиреше клавијатури, но си замина од бендот.

Во какви контакти си денес со луѓето со кои некогаш соработуваше во бендот, како Дарко Тасев, Кире Најдовски, кој живее во Америка...?

Кире Најдовски е суперлик. Свири со американски бендови и добро му оди. Со Дарко Тасев се слушаме и се е О.К. Последниве две години сум целосно препуштен на ова што го работам, па освен за свирка и за спиење дома, и немам многу време за нешто друго. Но, такво е времето. Од седење дома и чекање да ти падне од небото, можеш само да закачиш хемороиди, и ништо повеќе.

Дали криза во музиката се чувствува и кај клупските свирки?

Кај мене е секогаш полно! Колку што има билети, толку луѓе влегуваат...

Има ли пари од тоа?

И јас и моите дечки од бендот живееме нормално и пристојно од оваа работа. Ништо спектакуларно, но сосема О.К. Не сум купил стан во Париз, но сум среќен што можам да купам маица или патики кои ми се допаѓаат, што можам да сипам гориво во својот автомобил, да отидам на еден убав одмор. Се друго е илузија... Но, многу ми е мило што кај и да отидеме за прв пат, луѓето очекуваат да дојде Бени со синтисајзер, а доаѓа екипа со два автомобила и со еден тон опрема. Тоа е стандард. Друго не признавам, иако ги почитувам оние кои и тоа знаат да го работат на професионален начин.

Бидејќи си голем фан на екс-југословенскиот рокенрол, дали еден ден би работел и проект со ју-стандарди?

Не е исклучено тоа да се случи, бидејќи тоа е мојот идентитет. Растев со музиката на најзначајните рок-бендови во светската историја, и горд сум заради тоа. Секој во животот има некаков печат, а мојот жиг е токму музиката. Искрено, би сакал да се обидам и на просторот надвор од Македонија, за да видам дали ме бидува или не...



Во меѓувреме стана пријател со многу големи имиња од поранешниот ју-простор. Каква е комуникацијата со нив и понатаму?

Исклучително респектабилна. Ми се случува во еден момент да седам со Дадо Топиќ кој е легенда, и да сум среќен заради тоа. Неодамна градот беше излепен со моите плакати и плакатите на Боб Дилан, па на шега кажав дека само јас и Дилан работиме. (се смее) Ова е шега, секако! Има тука одлични бендови кои, исто така, полнат клубови, па можам со право да кажам дека клупската сцена во Македонија не е во криза, туку во подем.

Паралелно со антологијата на која работиш, беше најавен и авторски проект. Како течат подготовките?

За тој материјал е потребно повеќе време, барем една година. Но, нему ќе му се посветиме откако ќе ја затвориме оваа приказна.

Летово ќе помине работно...?

Исклучително работно. Ќе ме има и во Хавана, и во Колосеум и во Кадмо во Охрид. А, тука е и работата на албумот, бидејќи секој момент го користам за студио. Како кулминација на сето тоа, кон крајот на годината планирам голем промотивен концерт, со сите стандарди. Впрочем, така работам веќе цела деценија...

Сe уште си голем дискофил?

Апсолутно, само што сега одам и купувам музика, но ја складирам,  бидејќи немам време да ја слушам. Секој месец колекцијата е побогата барем за 20-ина дискови...

Тешко ли е сите овие десетина години, колку што си на сцената, да останеш независен и свој? Ти за цело време одиш сам, без да се шлепаш на политика, националната карта, партија...

Апсолутно не. По природа сум жилав, и подготвен сум секојдневно да ми прават сопки. Има луѓе кои постојано ми завидуваат на работата и многу се злонамерни во своите постапки и зборови Но, тоа се маргиналци кои денес ги има, а утре ги нема. Она што вечно останува се моите колеги и јас, и сите луѓе кои работат чесно и опстојуваат преку својата работа. По природа сум човек на кој му е потешко да каже фала, отколку извини. Ако згрешам - ќе се извинам, но ако треба да чекам некој да ми даде, мачно ми е во стомакот. Затоа и цело време се лактам сам...

Не знам за случај дека си играл на национална карта и дека си кажал дека ти е тешко бидејќи си Албанец?

Имало и такви сопки, но не ми паѓаше на памет да плачам оти ми е тешко што сум Албанец. Јас сум горд на тоа што сум Албанец и што живеам во Македонија. Горд сум и на сите мои пријатели кои се Албанци, а кои не се Албанци. Горд сум на својот идентитет, но ниту сум обоен, ниту сум оптоварен. Јас сум еден нормален човек и нормален музичар, кој сака да направи нешто добро за оваа земја. На крајот на краиштата, секој што сака да ме стави во некој национален концепт, нека помисли дека еден Албанец снима албум кој е антологија на македонската рок-музика. Има ли нешто подоблесно од тоа?

Но, може ли тоа да ти се удри од глава?

Зошто?

Најмалку од две причини! Времињата се такви, па едните можат да кажат: Што има тој да обработува наши песни?...

...А, другите да кажат: Што не земе да обработи она што е наше?... Но, јас во животот не се водам од националниот сенс. Знам и кој сум и што сум, но работам на едно друго ниво. Мене во музиката ме влече рокенролот. Тој нема национален префикс, туку една културна и човечка димензија. Најпосле, има многу Албанци кои доаѓаат да ми честитаат за реализација на овој проект.

Не си член ниту на една партија?

Како музичар учествувам во изборните кампањи на СДСМ, и горд сум заради тоа. Но, јас не чекам ништо тие да ми дадат, како што не ми ни дале. Напротив, повеќе работев во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Сепак, и понатаму ќе пеам само на митинзи на СДСМ, затоа што по природа не сум тип кој се проституира. Ако еден ден луѓето од СДСМ одлучат дека не треба да пеам на нивните кампањи, јас тоа ќе го прифатам, но нема да отидам во другиот табор. Најпосле, освен на Сојузот на комунистите на Југославија од 1986 година, јас немам друга партиска книшка. Тоа не значи дека немам пријатели од сите партии, сеедно дали се политичари или симпатизери. На пример, добар пријател сум со Андреј Жерновски, кој не е од СДСМ, туку од ЛДП...

Сe уште си добар син на родителите?

Семејството е центарот на мојот живот. Воспитуван сум исклучително граѓански...

Освен што си слободен и свој приватно, не припаѓаш на ниту една музичка продукција, иако пред две и пол години помпезно беше најавена твојата соработка со Аворд. Во меѓувреме соработката прекина, а на јавноста не и беше објаснето зошто?

Од нивна страна беа најавени проекти, но во еден момент тие решија да го затворат тој бизнис. А, штом тие решија, јас не сакав да им пречам. Ако не иде работата, ќе се повлечеме без медиумска помпа. Се разијдовме човечки и продолживме да комуницираме и понатаму како луѓе. Јас сум сигурен во себе и тврдоглаво продолжувам, најмногу заради самиот себе. Не ми паѓа на памет да се тужам со некого затоа што тој се пишманил...

Целосно си и посветен на музиката, иако си дипломиран етнолог...

Етнологијата е една прекрасна професија, духовно богата. Сепак, таа во животот ќе ми биде само хоби, бидејќи не се гледам во животот како кустос во некој музеј со 200 евра плата. По природа сум човек што не го држи место. Дури и кога немам што да работам, трчам на кеј по шест-седум километри. Не сум некој што седи во кафеана по десет часа дневно. Морам да трошам енергија, не сум тип кој ја акумулира.

Иван Беќковиќ
фото:
Игор Тодоровски
Tea модерна



Ваш коментар
Сите полиња се задолжителни!
Од:
Коментар: 
Внесете код: ASP CAPTCHA Generator



0007 --- 04.09.2010 20:46:44
Oтидовте полека у политика
Liberalen konzervativec --- 01.09.2010 13:27:34
Albanci - Ugledajte se na Beni Makedonci - Ugledajte se na Beni ete.
март --- 18.08.2010 00:08:45
Човекот Бени е пример за СО-ЖИ-ВОТ. Не го интересираат националности и кој што ќе помисли или рече. Роден и израснат во Скопје и Македонија, тоа го слушал, тоа го живеел, тоа му е драго. Заради некои заболени глави денес ние успеваме да се делиме како слепци без да имаме разбирање едни за други. ама ајде. поздрав Бени и многу среќа со албумот и уште повеќе среќа со сите идни проекти
majstor --- 03.08.2010 22:08:14
konecno nekoj koj zaslusuva da go nareces muzicar bravo brat taka treba samo napred kolku mu ja sakam muzikata sto ja pravi tolku karaktrerot ne e tip sto se grebe i folira sto e prava retkost deneska se najdobro za beni :)
Seriozno --- 11.07.2010 23:31:30
Аман веќе од преработки. Бени, друже, остави ги песните во својата изворна форма. Колку и да бидат добри твоите верзии, нема ни да се доближат до изворниот квалитет. Батали тезгарско понашање, почни нешто твое да правиш. Иако повеќето песни ти се земени од странство, барем не ни се толку познати овде па и легнуваат некако во уво, ама немој да правиш проект Скопје2014 во музиката. Тие песни не се доволно стари за да им треба нова верзија! Опрај се!!!
0007 --- 08.07.2010 15:28:33
Abe pola i od negovite pesni se prerabotki na stranski bendovi,sega uste prerabotki na domasni bendovi.Tezga si e tezga
tomegjorgiev@rocketmail.com --- 19.06.2010 19:20:18
Ovaa e za pocit pozdrav
Jana --- 18.06.2010 16:58:04
Bas mi e simpa lik:)
cccc --- 18.06.2010 10:16:34
zakon si decko
MMM --- 17.06.2010 23:48:50
Stvarno vistinski primer na odlicen muzicar BRAVO!!!
јјјд --- 17.06.2010 20:53:42
добри песни одбрал за преработки, освен нена од меморија мислам едно време актуелно беше дека песната е плагијат, но нема врска тоа... добра идеја на Бени...

Фото-галерија

Мартин Србиноски

MMМusic player

Texte alternatif


ПрепорачуваМММе
Ева: Приказни од рајот (8)
Може да продолжиме со новиот циклус на дружби, но овојпат без никакви правила, без зацртани форми, заедно ги поставуваме - заедно ги кршиме, спонтани и стварни едни пред други. За што сте гладни?
Нови албуМММи

МММp3-ка на неделата
СиМММни сега - Free!!!
Видео

Калиопи - Не сум како ти

Ф.И.С.Т. - Да ве чујам сега јако

Next Time - Убава

Тони Зен - Okey

Балкански вести
Најава за нов албум
Единствен проблем, заради кој може да дојде до поместување на термините, е постојана ангажираност на Бајага & Инструктори
25 спота на едно место
Во годината кога Црвена јабука одбележува 25 години од своето постоење, дискографскиот гигант Кроација рекордс го објави првото DVD во кариера на бендот
Радост за фановите
Multimedia records од Белград потпиша договор за објавување DVD – EKV: Као да је било некад, со авторот на овој документарец, рок-новинарот Душан Весиќ
Хит во Босна
Интернационален проект во формирање
Петок, на пладне
Ексклузивно
Анкета
По повеќе од 20 години
 

Најнови МММp3

ОХРИД ФЕСТ 2010
Црвено сонце
Магдалена и Врчак
Осамен
Кико
Да ве чујам сега јако
F.I.S.T.
100% funkyhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Александар Митевски rmx
Не ми глуми невинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Дарко Иливески
Полна месечинаhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
DJ Вани

Вљубен сумhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Мартин Србиновски

Angelshttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Тамара
Тој што нема гревhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Биба Додева
Добар данhttp://www.mmm.com.mk/WBStorage/Articles/9DA04C1138686648B1B417F7312A598F.gif
Александар Белов

Настани
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Средства без цел, знаење без цена
На 7-ми и 8-ми септември
Постари вести
Од 15-ти до 19-ти септември 2010
Деби албум
Охрид-фест 2010
Културното лето Карпош 2010
На Детската улица во Ново Лисиче
Ексклузивно!!!
Достапно на YouTube
Поп-вечер на Охрид-фест 2010
По осум години пауза
Kaj манастирот Свето Преображение
Copyright©2003-2010 by Equinox СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ