ммм - македонска музичка мрежа

Промоција на првиот албум „Играј” на групата Темпера!

Промоција на првиот албум „Играј” на групата Темпера!

 

Првиот албум на групата Темпера, со наслов „Играј” ќе биде промовиран на 10-ти јуни (вторник), во 21 часот во Клубот Станица 26. На самата промоција  присутните ќе имаат можност да слушнат и неколку песни во живо од деби албумот на бендот Темпера.

Албумот „Играј” е во издание на Авалон продукција, а во официјална продажба ќе биде уште од 11-ти јуни,во сите музички продавници низ Македонија.