ммм - македонска музичка мрежа

Нено Белан

Нено Белан - Секое чувство е добро за песна

Секое чувство е добро за песна

Нено Белан, еден од десетте најизведувани автори во Хрватска, и некогашен водач на „Ѓаволи“, зборува за тоа колку во животот му значат родендените и некои други важни датуми, потенцира дека и радоста и тагата се подеднакво добри двигатели за да се напише песна, се присетува на времето на своите почетоци и првите успеси, и ги открива причините, заради кои, кога денес размислува за дискографијата, повторно му се блиски принципите кои важеа во времето на Елвис Присли...   

Нено Белан е роден во Сплит 1962 година, а со групата „Ѓаволи“, чиј звук се базираше на рокенролот од 50-тите и 60-тите години на минатиот век, активно работеше од 1984 до 1991, кога практична ја започна својата соло-кариера. Дискографскиот опус од десетина албуми, колку ги објави во текот на целото свое творештво, и уште повеќе песни кои станаа регионално популарни, последниве години го промовираа како еден од најизведуваните и најпочитуваните автори во Хрватска. Ова е особено важно, ако се знае дека вечната инспирација во песните на Белан - е љубовта! И ништо друго...

jpgKлик за да го прочитате целото интервју!