ммм - македонска музичка мрежа

Рок Предин, сликар, аниматор, музичар...

Рок Предин, сликар, аниматор, музичар... - На „Стонси“ им се допадна мојата работа, а Елтон Џон ми испрати шампањско...

 На „Стонси“ им се допадна мојата работа, а Елтон Џон ми испрати шампањ...

Не сакајќи успехот кој го постигна во Словенија да се валоризира низ призмата на неговиот славен татко – Зоран Предин, 32-годишниот Рок Предин од пред неколку години живее во Лондон, каде реди големи успеси. По соработките со Елтон Џон, Кеит Урбан, групата „Меднес“…, на ред дојдоа и славните „Ролингстонси“. Имено, Предин јуниор го потпиша нивниот најнов спот за темата „Doom and Gloom“, кој всушност беше и најава за нивната најнова компилација „GRRR!“, објавена во чест на јубилејот – 50 години постоење... 

Рок Предин е роден во 1980-та година, неколку месеци откако неговиот татко Зоран го оформи „Лачни Франц“, еден од најдобрите состави на поранешна Југославија. Во 2005-та година дипломираше на Академијата за убави уметности во Љубљана, а од пред неколку години со девојката Сара Шавељ, која е илустратор, живее во Лондон, каде гради успешна интернационална кариера. Пронаоѓајќи го својот оригинален уметнички израз во просторот меѓу музиката и ликовната уметност, Рок во меѓувреме ја градел и својата музичка кариера во бендот на таткото Зоран - „Џипси свинг оркестарот“, а успеал да објави и три самостојни албуми. Сепак, работата на полето на илустрацијата и анимацијата барем засега не му остава време за продолжување на музичкиот пат...

jpgKлик за да го прочитате целото интервју!