ммм - македонска музичка мрежа

Гиле - Електрични оргазам

Гиле - Електрични оргазам - Имам повеќе идеи отколку слободно време

Имам повеќе идеи отколку слободно време

Додека дискографскиот пазар на глобално ниво се повеќе паѓа во бездна, актуелниот албум „То што видиш, то и јесте“ на „Електрични оргазам“, еден од најважните алтернативни состави во Југоисточната Европа, одлично поминува и кај публиката и кај критиката. Тоа, според лидерот Срѓан Гојковиќ – Гиле, дополнително го мотивира бендот, новиот материјал, планиран за в година, да го реализира со уште поголема љубов и посветеност...

Приказната за „Електрични оргазам“ е една од највозбудливите во историјата на нешто што го знаеме како југословенски рокенрол. Создадени во 1980-та, во екот на новиот бран, набрзо станаа една од неговите перјаници, а десетина албуми кои ги реализираа во својата 33-годишна кариера, денес го имаат култниот статус. Легендата за „Електрични оргазам“ е приказна за заминување и враќање, одење „до коска“ во посветеноста на рокенролот. Тоа најдобро го знае Срѓан Гојковиќ - Гиле, лидерот, пејачот, гитаристот и главен автор во бендот. Капетан Есид, кој е синоним за „Златни папагај“, „Како бубањ каже“, „Дебела девојка“, „Бејбе ти ниси ту“..., песните кои одамна важат за есенција на регионалната музичка сцена.

jpgKлик за да го прочитате целото интервју!