ммм - македонска музичка мрежа

Сале Веруда - КУД Идијоти

Сале Веруда - Смртта на Туста стави точка на „КУД Идијоти“!

Смртта на Туста стави точка на „КУД Идијоти“!

Сале Веруда, човекот кој во 1981 го оформи панк-составот „КУД Идијоти“ зборува зошто со заминувањето на пејачот Туста целата приказна ја загуби смисла, открива што ќе се случува со необјавениот материјал „Збогом Истро“ и најавува дека во музиката продолжува со проектот наречен Саша 21...

„Кој видел – видел. Кој слушнал – слушнал. Кој купил – купил. И готово! Едноставно заврши приказната...“ – вели Сале Веруда (вистинското име му е Саша Миловановиќ), објаснувајќи зошто по смртта на Туста - пејачот на „КУД Идијоти“, повеќе нема мотивација да продолжи да го води бендот. Еден од најзначајните панк-состави во регионот, настанат во далечната 1981 година, кога легендарните „Панкрти“ и „Пекиншка патка“ главно кажаа се што имаа да кажат, ќе остане запаметен по бескомпромисните песни („Боље издати плочу него пријатеља“, „Hoćemo cenzuru“, „Будимо солидарни – с богатима“...), својот левичарски став (кој најдобро се слуша во револуционарните теми „O bella ciao“ и „Bandiera Rossa“), и легендарните албуми („Ми смо овдје само због пара“, „Глупост је неуништива“...). Официјално, крајот на „КУД Идијоти“ ќе се случи кога ќе биде објавен материјал за албумот „Збогом Истро“, иако во меѓувреме Веруда ќе продолжи да настапува со самостојниот проект Саша 21... 

jpgСале Веруда - Смртта на Туста стави точка на „КУД Идијоти“!