ммм - македонска музичка мрежа

Арсен Дедиќ, легенда

Арсен Дедиќ, легенда - Многу нешта се собраа за еден живот...

Многу нешта се собраа за еден живот...

Во годината во која најзначајниот кантавтор во регионот има јубилеј – 50 години дискографска активност, зборуваме за тоа која е денес смислата на животот на Арсен Дедиќ, какви теми собрани од трошките на секојдневието ги допира штотуку објавената збирка поезија „Капки за очи“, зошто не му се брза со новиот музички материјал, што носат неговите автобиографски записи, кои за едните ќе бидат радост, а за другите „тврдо слетување“, и од која причина секој вид свеченост и славење за него претставуваат мал знак за заминување...

Она што се Боб Дилан и Џони Кеш за Американците, Леонард Коен за Канаѓаните, Булат Окуџава за Русите, Серџо Ендриго за Италијаните, Шарл Азнавур за Французите, Жак Брел за Белгијанците..., тоа е Арсен Дедиќ за нас – Балканците – најголем кантавтор на сите времиња. Во својата долга кариера, која трае половина век, Арсен снимил повеќе од 30 албуми, еден куп песни „за една младост“, кои станаа химни на многуте генерации, звучно опремил над 70 филмови и повеќе од 150 театарски претстави, напишал голем број поетски збирки... Во пресрет на својот 75-ти роденден, Дедиќ и понатаму создава, со ист ентузијазам како некогаш. И никој не знае да напише толку добра љубовна песна, како што тоа Арсен знае да го направи...

jpgКлик за да го прочитате целото интервју!