ммм - македонска музичка мрежа

Јосипа Лисац, поп-икона

Јосипа Лисац, поп-икона - Секогаш тргнувам од почеток, со нова енергија и нова дарба

 

Секогаш тргнувам од почеток, со нова енергија и нова дарба

Дефинитивно, 2013-та година ќе биде во знакот на легендарната хрватска поп-икона Јосипа Лисац, која в година ќе го прослави јубилејот – 40 години од објавувањето на музичкиот бестселер „Дневник једне љубави“, нејзиниот деби-албум кој подоцна стана недостижен репер за многу генерации пејачки кои стапуваа на сцена. Во чест на „Дневникот“ Јосипа тргнува на славеничка турнеја, во рамките на која на 16. февруари ќе има концерт и во Скопје...  

Среќната ѕвезда на хрватската пејачка Јосипа Лисац успешно сјае цели четири децении. Имено, толку време помина од објавувањето на нејзиниот деби-албум „Дневник једне љубави“, кој со години претставува нулта точка, пример за тоа како треба да звучи еден музички бестселер. Денес Јосипа важи за посебна планета на регионалната музичка сцена, жена чии песни и глас се потпис и печат за нешто што поседува врвен квалитет. Во приказната за Јосипа не може да се заобиколи нејзиниот животен и музички сопатник Карло Метикош (познат и како Мет Колинс), кој, како што таа вели, помогна во нејзиното формирање, а преку музика направи нејзината кариера да трае сите овие години. Зад Јосипа се десетина албуми, многу соработки со колегите од регионалната музичка сцена, и песни, кои со тек на времето станаа евергрини. Дел од нив ќе бидат испеани на концертот на Јосипа во Универзалната сала, кој во организација на „Авалон продукција“ е закажан за 16-ти февруари следната година...

jpgКлик за да го прочитате целото интервју!