ммм - македонска музичка мрежа

Зоран Предин, поет, писател, кантавтор...

Зоран Предин, поет, писател, кантавтор... - Сега сум на пола пат...

 

Сега сум на пола пат...

Словенечкиот кантавтор Зоран Предин повторно не изненади. Очекувајќи нешто ново од него на музички план, тој ја објави книгата „Втора жена во харемот“. Но, за разлика од досегашните литерарни дела на Предин, овој пат, место поетска збирка, фановите добија книга составена од патописи, дневници, писма и белешки. Вистинска посластица и нешто што ќе го заинтригира и оној дел од јавноста, кој до сега немал увид во тоа што до сега Зоран го има работено на полето на музиката...

Кариерата на Зоран Предин е импозантна. Составена е од 32 авторски албуми, три поетски збирки, музика за филм и театар... Сепак, посебно место во животот и во кариерата на Предин (роден во Марибор,  живее во Љубљана, настапува по целиот свет...), го има периодот кога тој беше водач на култниот словенечки рок-состав „Лачни Франц“. Од тоа време останаа: „Праслован“, „Нај ти пољуб нарише устнице“, „Ватерполист“, „Гате на главо“, „Тиха вода“, „Чакај ме“, „Задња вечерја“..., и многу други антологиски песни. Неговите неконвенционални, оригинални, провокативни и духовити текстови, често пати полни со црн хумор, во исто време се болно искрени и длабоко емотивни. Со книгата „Втора жена во харемот“ запознаваме еден нов, поинаков Зоран. Предин како одличен писател...

jpgКлик за да го прочитате целото интервју!