ммм - македонска музичка мрежа

Петар Николиќ, режисер, сликар, поет

Петар Николиќ, режисер, сликар, поет - И Куста му симнуваше капа на татко ми!

И Куста му симнуваше капа на татко ми!

 

Младиот уметник Петар Николиќ во чест на својот легендарен татко, култниот црногорски режисер Живко Николиќ, неодамна во форма на книга го објави сценариото за антологискиот филм „Лепота порока“, најавувајќи и низа други активности со кои тој сака да го иницира општеството, а особено институциите на државата Црна Гора, адекватно да го зачуваат споменот на човекот кој преку своето вонвременско и автентично дело, се вбројува меѓу најзначајните филмски дејци во регионот  

Барајќи го својот пат во уметноста, Петар Николиќ, синот на големиот Живко Николиќ, култен црногорски и југословенски режисер, се бори делото на неговиот татко, конечно да добие соодветен уметнички, историски и научен контекст. И, навистина, од огромно значение е делото за кое се бори. Меѓу многубројните документарни и телевизиски проекти, зад Живко Николиќ (1941-2001) останаа и седум играни филмови, меѓу кои и: „Смрт господина Голуже“, Јована Лукина“, „У име народа“, „Чудо невиѓено“, „Лепота порока“..., со кои длабоко навлезе во регионалната филмска антологија. Неодамна објавеното сценарио за филмот „Лепота порока“ има намера да го претстави Живко и како писател...

jpgKлик за да го прочитате целото интервју!