ммм - македонска музичка мрежа

Макс Јуричиќ, „Љетно кино“

Макс Јуричиќ, „Љетно кино“ - Ние сме џезери со панкерска енергија

Ние сме џезери со панкерска енергија

 

Младен – Макс Јуричиќ е еден од најважните луѓе од загребската „новоталасна“ сцена. Во својата кариера, која трае цели три и пол децении, Макс беше член на првата постава на „Азра“, еден е од основачите на „Филм“, „Ле Синема“, „Вјештице“, „Шо Мазгун“... Денес, заедно со „Љетно кино“, и со својот стар пријател од 80-тите, генијалниот Влада Дивљан, важат за најдобра регионална меинстрим атракција, а нивните песни „Најлепша“ и „Само једну љубав имам“ интензивно се вртат и во домашниот етер...

Групата „Љетно кино“ која секое лето е главна јадранска атракција, а нивните песни допираат до секој дел од поранешната држава, е бенд каков што Младен Јуричиќ – Макс, го сонувал целиот свој живот. А, навистина во животот му се случуваа важни нешта – од соработката со Џони Штулиќ во „Азра“и Јура Стублиќ во „Филм“, преку групата „Ле Синема“, чиј заштитен знак беа обработки на светски стандарди, и „Вјештице“, кои беа тотално поинакви од сите другите, до „Шо Мазгун“, каде пеејќи на тежок островски дијалект, успееја да ја освојат Хрватска. Со „Љетно кино“, пак, Макс допира до едни поинакви музички височини. Заедно со Влада Дивљан од „Идоли“, со кој е во дружба од почетокот на 80-тите на минатиот век, во три гласа пеат за љубовта, свират укулеле, кларинет и „stendup-drum“. И уживаат во моментот, непретенциозно забавувајќи се како во годините кога ја создаваа југословенската рокенрол сцена, една од најсилните во тогашната Европа...

jpgKлик за да го прочитате целото интервју!