ммм - македонска музичка мрежа

Голем концерт на Гаро, браќата Тавитјан и балканските ѕвезди на арената Филип Втори

Голем концерт на Гаро, браќата Тавитјан и балканските ѕвезди на арената Филип Втори

По повод прославата на ден на независноста на РМ, под покровителство и организација на Владата на РМ се подготвува спектакуларен концерт на Гаро и браќата Тавитјан со најголемите балкански пејачи кои се дел од нивниот проект Македонското срце чука во 7/8, концертот е закажан на 8 септември во националната арена Филип Втори.

Албумот каде балканските звезди за прв пат изведуваат македонски традиционални песни во продукција и аранжман на Тавитјан достигна статус на најпродаван албум на македонски јазик на Балканот. На концертот на Тавитјан гости ќе бидат легендите: Јосипа Лисац, Жељко Бебек, Нина Бадриќ, Хари Варешановиќ, Тереза Кесовија, Аки Рахимовски, Дадо Топиќ, Горан Каран, Сергеј Ќетковиќ, Јелена Томашевиќ, Калиопи, Александра Радовиќ, Борис Новковиќ, Каролина, Есма Реџепова, Антонија Шола, Владо Јаневски, Ристо Самарџиев, Влатко Лозаноски, Мики Џафер и специјалниот гостин перкусионистот на Стинг - Рани Крија кој специјално доаѓа за настапот на концертот.

Особено значаен е фактот што балканските артисти за прв пат во историјата се обединуваат во чест на Македонија и пејат на македонски јазик. Ангажирано е врвно озвучување кое го користеше Металика на својот последен концерт во Белград, а се очекува фантастично сценарио И светлосен спектакл со кој ќе се обележи нашиот најголем празник. Пред официјалната програма ќе настапат и повеќе домашни звезди од естрадата. Гаро и Браќата Тавитјан за потребите на овој спектакуларен концерт ангажираа голем бенд и оркестар кој ветува незаборавен перформанс.

 
Гаро сениор изјави: Особено задоволство е што конечно го реализираме овој концерт и после 4 децении работа на нашиот фолклор успеавме да го обединиме целиот Балкан да пее на нашиот јазик, поголема чест за еден народ не постои и среќен сум што токму ние ја имаме таа чест.

Браќата Тавитјан пак изјавија: Овој концерт е кулуминација на нашата долгогодишна работа и голема чест е што заедно со балканските легенди и македонските артисти од естрадата ќе направиме незаборавно музичко шоу кое ќе остане во историјата. Покрај балканските звезди, на Тавитјан ќе им гостува и маестро Зоран Џорлев.

Ова е прв концерт кој се одржува во националната арена Филип Втори по нејзината финална реконструкција со што тој е употребилов целосно.

Картите за концертот се по симболична цена од 20 денари и се пуштени во продажба преку салоните на Тобако Тогедр и маркетите на Тинекс ширум Македонија, влезниците се пуштени поради нумерираните седишта и за да не настане преоптовареност во објектот. Во употреба ќе биде и игралиштето т.е. партерот на стадионот за да бидат слушателите поблиску до сцената.

Тавитјан обезбедија и подарок CD од нивниот дупли албум за сите посетители на концертот. Посетителите CD-то ке го добијат со својот билет на влезот на концертот. Средствата од билетите ќе одат во хуманитарни цели.

Концертот започнува во 20 часот на 8. септември 2012-та.