ммм - македонска музичка мрежа

Derrick May во Сектор 909

Derrick May во Сектор 909

На 28-ми септември (петок) детроитската техно легенда Derrick May/ Mayday/ Rhythim is Rhythim ќе настапи во летниот клуб Сектор 909.

 

Derrick May е добро познат диџеј и пријател на нашата публика. Неколку пати има гостувано и сите кои присуствувале ги паметат неговите забави од Градиште, Скопски Саем, Колосеум. Тој е дел од Belleville Three, трио од Juan Atkins, Kevin Saunderson и Derrick May - средношколски пријатели од средното училиште Belleville, Michigan во Detroit. Сите тројца заедно се основоположници на детроит техно звукот, кој го доживува својот пик во почетокот на 90тите и добива свои следбеници како: Jeff Mills, Richie Hawtin (aka Plastikman), Carl Craig, и Octave One.
 
Под својот моникер Rhythim is Rhythim во деведестите ги издава хитовите како Nude Photo, Strings of Life, Kaos и It Is What It Is, сите издадени за неговaта издавачка куќа Transmat. Од овие синглови Strings of Life доживеа глобален успех, хит кој сеуште може да се чуе низ подиумите ширум светот.
 
Ова е последно гостување во летниот клуб Сектор 909 за оваа сезона. Летово успеавме да ги видиме Kenny Larkin, Nikola Gala, Jimpster, Christian Prommer Drummlesson Band, Mark Flash, DJ Cheeba, Gramaphonedzie и уште многу домашни и странски диџеи. Забавата започнува на полноќ а влезот да 1 часот е 350 денари а 500 денари после 01 часот.

Како загрeвање пред Derrick May ќе настапи скопскиот диџеј Maci.