ммм - македонска музичка мрежа

Хавана со вкус на Пеперминт

Хавана со вкус на Пеперминт

 

Овој четврток, 11. октомври во најпопуларниот скопски рок ен рол клуб Хавана свој солистички концерт ќе одржи групата Пеперминт. Иако постојат доста долго на пошироката јавност и станаа познати дури по излегувањето на песната и видеоспотот Девојката со точакот, а својата популарност дефинитивно ја зациментираа ова лето со хитот Ако, кој беше една од највртените песни на македонските радиостаници.

Пеперминт предводени од Горан Трифунивски-Пајак и неговата дружина во четврток публиката во Хавана ќе ја забавуваат со избор од нивните песни во кои покрај споменатите два хита ќе се најдат и: Време, Песна, Дефиниција, Извини, Сара, Ден и ноќ, Зошто не се смееш, Забава, Нос... Во двочасовниот настап покрај сопствените, на нивниот репертоар ќе изведат и голем број кавер верзии во босанова варијанта преработени и отпеани од нивниот женски вокал Ана.

Се на се, на сите оние кои во четврток ќе дојдат на нивниот настап во скопскиот клуб Хавана, Пеперминт им ветуваат незаборавна вечер исполнета со босанова свежина. Вистински музички ментол за сите што сакат познатите теми да ги доживеат поинаку.