ммм - македонска музичка мрежа

Саша Ковачевиќ во Баракуда и Колосеум

Саша Ковачевиќ во Баракуда и Колосеум

По одличниот одзив на песните од неговиот последен албум Орнамент, дуетот со популарната хрватска ТВ водителка Николина Пишек во песната Идемо до мене, нејзинаото логично продолжение во темата Водим те из града по кој следуваше солистичкиот концерт во преполниот Сава центар во Белград, и баладата Како после нас, новиот миленик на женските срца, популарниот српски поп пејач Саша Ковачевиќ претстојниов викенд повторно ќе гостува во Македонија.

Овој пат неговите солистички концерти се закажани за овој петок, на 12.10. 2012 год. во новоотворената дискотека Баракуда во Виница, и следниот ден 13.10.2012 год. - сабота, по втор за неколку месеци во скопскиот клуб Колосеум.

На своите настапи во живо младата поп ѕвезда заедно со својата придружна група покрај своите најголеми хитови и песните од последниот албум како што се: Мила, Лудак, Лажу те, Коме да верујем, познатиот дует со Емина Јаховиќ - Још ти се надам, како и споменатите: Идемо до мене и Водим те из града, Како после нас... и најновиот хит Лапсус, ќе пее и голем број познати и популарни песни од разни жанрови од своите колеги од бившите ЈУ простори. Тоа како и секогаш ветува максимална посетеност на неговиот настап, одлична журка и ноќ исполнета со море од емоции кои допираат до сите сетила за сите оние кои овој викенд ќе бидат присутни на концертите на популарниот Сале во виничката дискотека Баракуда и скопски Колосеум.