ммм - македонска музичка мрежа

Јова Радевска unplugged во Џубокс

Јова Радевска unplugged во Џубокс

Во вторник (9 октомври) во кабаре клубот Џубокс ќе настапи таленираната Јова Радевска. По настапите во британските клубови, Македонката со постојана адреса во Лондон, закажа акустична средба и со домашната публика. Од 22:30 до полноќ публиката во Џубокс ќе има можност да слушне дел и од новиот материјал на Јова, која на сената ќе ја придружува гитаристот Adam Green.

 

Македонската публика ја запозна Радевска на домашниот избор на песна за Евровизија во 2008 година, кога со песната „Јас сум овде“ ги освои симпатиите на гледачите. Нејзиниот прв албум „Hourglass Diary“ го издава уште во 2007 година, а една од песните од првенчето на англиски јазик е сместена и на компилациско CD издание на музичкото списание Billboard.

Месецов во Џубокс започна и сезоната на полноќни свирки: понеделнички серенади со Лили и нејзини гости, вторници резервирани за Пеце Супехикс со Breakdown band, средите се редовен термин за Eye Cue веќе трета година по ред, во четврток се ужива со Страна Б, во недела со Бени Нон Стоп, а за игранките во петок и сабота е задолжена DJ Цена.