ммм - македонска музичка мрежа

Drop серијал продолжува во клубот Капан Ан

Drop серијал продолжува во клубот Капан Ан
Петок 9-ти Ноември продолжува со вториот по ред Drop серијал во клубот Капан Ан. Овој пат зад музиката ќе застанат сопственикот на Аргументо - Видиновски, кој во моментов продукциски е актуелен со последното издание од оваа издавачка куќа. Со него заедно ќе ги видиме и Дејан Тевдо, диџејски ветеран кој нема потреба да се трошат зборови бидејќи е присутен на сцената од средината на 90тите и Александар Крстевски, новајлијата во Drop Series, кој што има што да придонесе музички и убаво да ве размрда. Се гледаме на подиум, Ве очекуваме :) Забавата почнува во 00.00 часот, а влезот е 100 денари.