ммм - македонска музичка мрежа

Чиста Околина на Таксират 2012

Чиста Околина на Таксират 2012

Таксират фестивал има особена чест после 11 години пауза од музичката сцена, на својата сцена да ја пречека една од најистакнатите хип хоп групи во Македонија, суб-културниот феномен Чиста Околина. Првата и култна рап унија кај нас, со вистински и чист концепт за рап и хип-хоп суштината, своето последно концертно појавување го имаше токму на Таксират 3 во 2001ва. Единаесет години подоцна, Чиста Околина конечно се враќа на сцена и продолжува од истото место.

 

Настапот на Чиста Околина е во рамките на главната фестивалска вечер на Таксират 14 која ќе се одржи на 8ми декември 2012 во „Метрополис Арена“ во Скопје. Својот настап на Таксират 14 веќе го потврдија, ворлдмјузик-панк бунтовницие Че Судака, реге-метал атракцијата Скиндред кои беа прогласени за „The best live bend“ за 2011та од реномираното списание Metal Hammer и реге-иконата Тања Стивенс. Наскоро очекувајте ги и останатите артисти кои ќе бидат задолжени за уште едно незаборавно Таксират издание.