ммм - македонска музичка мрежа

И Тања Стивенс на Таксират

И Тања Стивенс на Таксират
Таксират фестивал со задоволство ви ја претставува Тања Стивенс (Tanya Stephens), третото потврдено име за своето четиринаесетто финале. Пејачката и авторка Тања Стивенс, еден од највлијателните реге артисти кои се појавија во доцните 90-ти години, доаѓа на Таксират за прва средба со своите македонски фанови и ветува незаборавна концертна вечер. Таа е музичар кој подеднакво добро се снаоѓа во денс ритмовите како и во гитарските балади со интуитивни, значајни, комични и често саркастични стихови, која светската публика од сите генерации ја препознава пред сѐ по легендарниот мега-хит „It’s a pity“, најголемиот од стотината хит синглови на Тања Стивенс.

Главната фестивалска вечер на Таксират 14 ќе се одржи на 8ми декември 2012 во „Метрополис Арена“ во Скопје.

Својот настап на Таксират 14 веќе го потврдија, ворлдмјузик-панк бунтовницие ЧЕ СУДАКА и реге-метал атракцијата СКИНДРЕД кои беа прогласени за „The best live bend“ за 2011та од реномираното списание Metal Hammer. Наскоро очекувајте ги и останатите артисти кои ќе бидат задолжени за уште едно незаборавно Таксират издание.

Билетите за Таксират 14 ќе бидат достапни во претпродажба од петок, 26ти октомври 2012. Првите 1000 влезници ќе чинат 450 денари, а по нивното распродавање, цената на билетите ќе биде 600 денари.