ммм - македонска музичка мрежа

Центар за обука ЕВА гo најавува новиот Курс за шминка

Центар за обука ЕВА гo најавува новиот Курс за шминка
Овој курс е наменет за сите оние кои имаат желба да научат да шминкаат професионално, без разлика на возраста, имаат талент и предиспозиции да се занимаваат со шминкерство како професија и сакаат да си отворат деловни можности.

Најдобриот од обучените слушатели на курсот ќе има можност за професионални ангажмани како асистент на make- up артистката која ќе ја врши обуката.

Курсот за шминка ги опфаќа основите на професионалната шминка со теоретска но пред се’ практична обука:

-    Вовед во материјалите кои ги користи еден професионален шминкер
-    Типологија , физиономија и третман на кожата во склад со нејзината припрема за шминка
-    Студирање и проучување на различни типови на лица (идеален лик, тенови, облици, структура на кожа) и нивни корекции
-    Fond de teint- Креирање на совршени подлоги и нивната важност
-    Декоративна козметика
-    Убавината низ историјата ( Иконите на убавината и нивниот фокус на шминката кои денес инспирираат модни трендови )
-    Убавината во XX –век ( Низ модата и филмот )
-    Актуелни модни трендови и креација на нови
-    Корективнa шминка
-    Сценска шминка
-    Театарска шминка
-    Фантазија
-    Карневалска шминка

Курсот исто така ќе ви овозможи и:

-    Шминкање на професионални фотосесии
-    Шминкање на јавни лица за телевизиски снимања и проекти
-    Изложба на фотографии со вашата шминка
-    Сертификат за завршен курс по шминка

Курсот ќе го води Елена Антовска-Ека, професионален make-up артист со долгогодишно искуство и работа на многу телевизиски проекти како “Идол”, “Танц со звездите” итн., професионални фотосесии и едиторијали за престижни модни списанија.

Курсот опфаќа вкупно 20 часа со времетраење од 60 минути , а ќе заврши со изложба на фотографии со Вашата шминка.

Цената на курсот е 18.450 денари со можност за плаќање на две рати, а во цената влегуваат работниот материјал, скриптите, Сертификатот, моделите и професионалните фотографии.

Курсот во Скопје почнува на 15 јуни. Пријавување до 7 јуни. Термините се двапати неделно во договор со групите.

Доколку слушателите би сакале да го посетуваат курсот како секојдневна интензивна обука во рок од недела дена секој ден по 3 саати во склоп на Летната школа - Охрид  2013 (22- 28 јули) со вклучено сместување во вила, три оброци на ден и вклучени активности како нуркање, бродски тури, журки и сл., цената на целиот пакет е 24.600 денари.

Пријавувањето можете да го направите со оставање на вашите лични податоци (име, презиме, адреса и телефонски број) на нашите телефонски броеви  02/3256 - 262, 078/23  13  23 и нашата e-mail адреса  Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Уплатите се вршат на нашата трансакциската сметка – 210-067122310140 (Тутунска банка) со цел на дознака : За курсот за шминка.