ммм - македонска музичка мрежа

Штип: Богата програма за „Пастрмалијада 2014“

Штип: Богата програма за „Пастрмалијада 2014“

 

Oрганизаторот на штипската „Пастрмалијада 2014“, ја утврди листата на содржини и изведувачи кои ќе настапат на годинашнава манифестација која ќе се оддржи од 25 до 27 септември Штип.

Првиот ден, 25 септември или четврток е резервиран за Македонски изведувачи, иако тие ќе настапуваат и во текот на следните два дена. Главна ѕвезда е пејачката Елена Ристеска која ќе настапи во 23 часот, а исто така ќе настапи Маја Вукичевиќ и Боби Мојсовски. Точно на пладне ќе биде претставена џиновската поастрмалија а вечерта во 19 часот е свеченото отворање.

Elena+Risteska+elena_risteska

Во петок, 26 септеври, на пладне е предвидена традиционалната трка на келнери а ќе настапат Ванчо Тарабунов, Ферус и Биг бенд со специјален гостин кој е изненадување, Соња Тарчуловска и ѕвездата на вечерта, пејачот Аца Лукас.

aca-lukas

Во сабота на 27 септември, во 12:00 часот е предвиден натпреварот во брзо јадење на пастрмалии а во 13 часот изборот на најубаво украсен штанд.

Музичката програма оваа вечер ќе ја започнат Аре Брадерс Бенд, потоа следи Александар Тарабунов и потоа финале за српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ, кој е ново изненадување на организаторот.

Исто така ќе настапат и ѕвездите на Х-фактор, Маид Хачимовиќ, Тамара Милановиќ, Лукијан Ивановиќ и Алекса Перовиќ.

x-faktor-5

Секој ден од манифестацијата, предвидена е музичка содржина во континуитет по 10:30 часот при што се предвидени настапи и на фолк музичари, културно-уметнички друштва, поп и рок групи, солисти и други изведувачи.

По 1 часот по полноќ пак, секоја вечер е предвидено забавата да продолжи со техно-денс музика за што се ангажирани неколку домашни диџеи  и две имиња од странство.