ммм - македонска музичка мрежа

Петти фестивал „Слободна зона“

Петти фестивал „Слободна зона“

 

Фестивалот „Слободна зона“, под мотото „Остави трага“ денеска ќе биде отворен во галеријата „Венеција“ во Виница.

Фестивалот ќе започне со изложба на  инсталации „Праг на толеранција“.

Организаторот на фестивалот информира дека се работи за изложба на амбиентални, просторни и звучни инсталации, кои досега биле изложувани на интернационални изложби, а првпат ќе се претстават на публиката на „Слободна зона“.

По отворањето на изложбата, фестивалската програма ќе продолжи со интерактивна дискусија  во галерија „Теракота“, насловена „Внимавај опасност – слободна зона“, а потоа ќе биде прикажан филмот „Плати и жени“.

Вечерта ќе заврши со концерт на пејачката, текстописец и изведувач Рита Брага во кафе-барот „Тамо“.