ммм - македонска музичка мрежа

Нокаут со „хет трик” концерт во Битола

Нокаут со „хет трик” концерт во Битола

 

Летото можеби е при крај, но Нокаут продолжуваат со забрзано темпо. На 23 август, Крива Паланка има можност за прв пат да ги види во живо Нокаут во овој состав. Речиси 10.000 луѓе беа сведоци на одличен настап во рамките на беспрекорно организираниот Joyfest.

Само неколку дена подоцна, момците тргнуваат за Битола. Како по некоја традиција, и оваа, трета година по ред ракометното игралиште ќе биде збирно место за фановите на Нокаут. На 27 август, со почеток во 21:00 часот, „хет трик” на Нокаут во Битола.

Следна нивна дестинација е Кавадарци, каде ги очекува публиката на Тк-так фестивалот, организиран во чест на прерано починатиот  тапанар Трајко Каров. Понатака следуваат уште нови настапи низ Македонија, за кои ќе ве известиме на време!