ммм - македонска музичка мрежа

Бора Чорба со концерт на Free Zone Фестивалот

Бора Чорба со концерт на Free Zone Фестивалот

За 7ми септември (недела), со почеток во 20:00 часот, под Мостот Близнак на кејот во Ново Лисиче, Општина Аеродром, по втор пат ќе биде прогласена слободна зона за забава.  Фестивалот Free Zone оваа година нуди повеќе часовна забава се до 05:00 часот наутро.

Иноватива Груп, на овој фестивал Ви ги најавуваат: Бора Чорба од “Рибља Чорба” со 2 часовен концерт, Европски познатиот DJ Ник Капа, а пред нив ќе настапат Марко Logout,  електронското дуо Future INC и DJ Че. Како и лани и оваа година “Free Zone“ e без влезни билети. Локацијата- под Мостот Близнак  во општина Аеродром ќе биде посебно урбано трансформирана за потребите на фестивалот со поставени шанкови за пијалаци и пунктови за храна.

Ден пред најголемиот државен празник (неработен ден), на 7-ми септември, се гледаме на Free Zone фестивал, поддржан од Општина Аеродром.