ммм - македонска музичка мрежа

Фестивалот 5-та димензија по втор пат во Штип!

Фестивалот 5-та димензија по втор пат во Штип!

 

Штип и штипјани полека ги обзема треската наречена 5-та димензија. На 20 Септември ќе се одржи второто издание на фестивалот 5th Dimension во Домот на млади во Штип. Организација која трае веќе неколку месеци наназад, подготовки на ниво без сомнеж можеме да кажеме дека се подготвува вистински спектакл доста добри перфоманси.

Домот на млади е подготвен да ги пречека и собере сите оние кои што си поминале добро на 5th Dimension vol 1 но и сите оние кои што за прв пат ќе присуствуваат на фестивалот. За добра забава до раните утрински часови ќе се погрижат DJ Nennat Omen – кои што неодамна се врати од Ибица каде што беше дел од најдобрите забави на познатата туристичка дестинација во Светот.  На На стејџот исто така со свои сетови ќе настапат K.Petrovsky од Битола, Ninno Mancini од Штип.

5th Dimension веќе и официјално е вброен во настапите на познатата Boryana која после настапите во Софија на 6 и 13 Септември специјално за штипјани ќе настапи во домот на млади. DJ Boryana која што живее и работи во Мајами (САД) прв пат ќе настапува во Македонија што е уште една причина да се присуствува и биде дел од овој голем настан.

Како специјално изненадување на вечерта е најавен еден од најдобрите продуценти и Dj во светот Стан Колев, кој што буквално има настапувано на сите континенти на планетата.

Од организацијата велат дека организацијата оди во најдобар ред, интересот е доста голем и очекуваат барем за две скалила подобар фестивал од претходниот.