ммм - македонска музичка мрежа

Што ќе слушаме на осмиот по ред „Виноскоп“?

Што ќе слушаме на осмиот по ред „Виноскоп“?

 

Oд 24 до 28 септември на плоштадот „Карпошово востание“ ќе се одржи осмиот по ред фестивал на виното, а годинава на „Виноскоп“ ќе настапуваат во најголем дел македонски музичари.

Браќата Тавитијан и проектот Македонското срце чука во 7/8 со изненадување-специјален гостин; Хроматик поинт – Етно Метал бенд чие време допрва доаѓа;  секогаш позитивната рокерка Дани Димитровска; Ххл- млад и перспективен рок бенд од Тетово; мајсторот на ноќните свирки- Бени Шакири и Нон Стоп; Тоа е тоа – бенд составен од  музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар;

Битолчаните Фолтин со универзалната музичка експертиза; ска панк бендот Офчестра од Приштина; Само Тони и Две Жени – лудо кабаре шоу – кавер и комедија; по пауза од скоро една деценија концерт на македонскиот срце кршач- Дарио; еден од доајените на македонската народна песна – Миле Кузмановски; Клевала македонски етно џез бенд; Митан проџект – обновена македонска народна музика со Андријана Јаневска и многу други македонски музички генијалци; двократните победници на Гуча, Србија – Уска Кан оркестра-прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014; Маријан Мониќ – млада ѕвезда oд хрватската естрада пратен од гитаристот Кристијан Ковач;

Куку Леле; младата сензација – Бета Хаус; Благица Павловска – легендарната македонска фолк-дива; актерот Тони Михајловски и Скандал Састаф; како и диџеј Тина – тематски целодневни забави; Чалгии и др.