ммм - македонска музичка мрежа

Оваа есен ново шоу на ТВ Сител: Твоето лице звучи познато!

Оваа есен ново шоу на ТВ Сител: Твоето лице звучи познато!

 

Втората сезона од грандиозното српско шоу „Твоето лице звучи познато“ ќе се емитува и во Македонија и тоа на телевизија Сител. Суштината на шоуто е дека од емисија во емисија познати фаци од музичката сфера имитираат светски или балкански познати музичари пеејќи во живо.

Настапите се оценувани од страна на жири и секоја емисија од серијалот си има свој победник. Еден член од жирито е различен во секоја емисија, а за победникот освен жирито гласа и публиката. За разлика од другите шоу програми од овој тип, во „Твоето лице звучи познато“ нема испаѓања секоја недела, туку поените се собираат на крајот на серијалот се до полуфиналето.

Овогодинешното жири ќе биде составено од Иван Ивановиќ, Марија Михајловиќ и Бранко Ѓуриќ Ѓура, додека четвртиот член ќе се менува од емисија во емисија.

Оваа година помеѓу поканетите музички и актерски ѕвезди се најдоа српскиот фолк пејач Кеба, актерот Иван Јевтовиќ, пејачката Тања Савиќ, актерката Катарина Богиќевиќ, актерката Јелена Гавриловиќ, актерот и пејач Звонко Пантовиќ, актерот Ненад Окановиќ, пејачот Бане Мојиќевиќ, пејачката Неда Украден, а последно што се дознава е и учеството на нашата Елена Ристеска.