ммм - македонска музичка мрежа

Раде Шербеџија на 8-ми октомври во Универзална сала

Раде Шербеџија на 8-ми октомври во Универзална сала

 

По појавувањето како специјален гостин на големиот скопски концерт на Влатко Стефановски, легендарниот актер, неповторливиот Раде Шербеџија повторно доаѓа во Скопје.

koncert vlatko 41

Овој пат, на сопствен солистички концерт заедно со својот „Западни колодвор бенд“. Концертот ќе биде промоција на неговиот нов албум „Време је драга, време је“ ,  а воедно е и прв солистички концерт на Шербеџија во Скопје по 2012 година!

koncert vlatko 53

На него покрај веќе познатата тема „Мени се душо од тебе не растаје“ која е преработка на истоимената песна од деведесеттите на единствениот Џони Штулиќ (Азра), ќе бидат концертно претставени и останатите песни од албумот, а ќе биде направен и своевиден поетско-рецитаторски и музички омаж на најинтересните досегашни песни отпеани и рецитирани од маестралниот Шербеџија.

koncert vlatko 56

Организатор на концертот е продукцијата „Баги Комуникации“, а влезниците се веќе во продажба и можат да се набават на билетарницата  на Универзална Сала, како и на сите продажни места на продажната мрежа www.kupikartizase.com