ммм - македонска музичка мрежа

Јубилејна десетта Бела ноќ во Скопје!

Јубилејна десетта Бела ноќ во Скопје!

 

Десеттото јубилејно издание на Белата Ноќ ќе се случи оваа сабота, 4 ноември во 20:00, во Даут Пашиниот Амам со големата  ретроспективна изложба на култниот Василие Поповиќ – Цицо. Како и во изминатите девет, официјалната нота на Белата Ноќ ќе ја даде градоначалниот на Град Скопје, Коце Трајановски.

За ликот и делото на Василие Поповиќ – Цицо, реч ќе одржи режисерот Љубиша Георгиевски. По овој историски миг, десеттата Бела Ноќ, започнува!

Десетици изложби, уметнички перформанси, музички концерти, поетски читања, филмови, мода…, ширум отворени врати на Јавните и Национални установи за граѓаните на Скопје и Македонија, конзументите на уметноста, уметниците…