ммм - македонска музичка мрежа

Визија Фест по трет пат во Дом на АРМ

Визија Фест по трет пат во Дом на АРМ

 

Третото по ред издание на фестивалот на современа христијанска музика „Визија Фест 2014“ ќе се одржи во сабота на 04.10.2014 во Дом на АРМ во Скопје со почеток од 19:00, а влезот е слободен.

Повеќето од песните ќе бидат во поп-рок и хип-хоп стил, а меѓу изведувачите годинава ќе биде и Андријана Јаневска.

„Визија Фест“ е фестивал кој започна со идејата да направи платформа и во Македонија да се слуша, создава и снима музика со поинаква порака. Музика која ќе даде музички и текстуален израз на изворниот христијански вредносен модел преку актуелниот призвук на нашата музичка ера.

Песните се создадени од македонски автори и изведени од македонски изведувачи. Со тоа „Визија Фест“ станува прв музички фестивал од ваков тип во Македонија, преку кој се отвора можност македонската публика да чуе христијанска музика чија порака се вклопува полесно во нашиот живот и во нашето време.

Оваа година ќе бидат презентирани дванаесет композиции за кои веќе е изготвено и фестивалско CD кое за време на самиот настан ќе може да се купи по промотивна цена.

Изведувачите се:

1. Синап – Во Твоето Присуство
2. Марија Иванова – Ти Ме Подигаш
3. Андријана Јаневска – Ден Предодреден
4. Евгенија Проевска – Не Очајувај
5. Трајче Ефремов – Долу на Колена
6. Ели Андреева – Силен Во Мене
7. Лепа Јовиќ – Низ Моите Бури
8. Јулијана Бојовска – Остануваш Верен
9. Тора – Одлука
10. Ребека Влаисављевиќ – Само Сонувај
11. Дејан Фанки ft. Трајче Ефремов & Никола Митрески – Врати Се
12. Алфа и Омега – Алфа и Омега