ммм - македонска музичка мрежа

Тијана ја претставува Македонија на Евросонг 2014!

Македонската Радио Телевизија, како никогаш до сега, уште од сега го избра својот претставник за Евросонг 2014. Тоа е Тијана Дапчевиќ, нашата позната пејачка, дипломиран музичар, која последниве години живее и работи во Белград.

Тијана уште сега ветува дека ќе даде се од себе за што поуспешно да ја представи Македонија, очекувајќи дванаески од целиот регион!