ммм - македонска музичка мрежа

Џибони: Влатко е самурај на гитарата!

Џибони: Влатко е самурај на гитарата!

Во пресрет на концертот на Џибони во Белград (25-ти октомври), на кој ќе настапи Влатко Стефановски, хрватскиот музичар во интервјуто за Вечерње новости со многу комплименти зборува за нашата гитарошка легенда...

Влатко Стефановски е самурај на гитарата. Многу го сакам и како музичар и како пријател. Неговиот ентузијазам е како кај средношколец. Тоа е она што кај него ме воодушевува. Еднаш со саати свиревме во неговата куќа во Скопје и почна да чади од појачалото. Ми кажа: Дојди за миг да помириснеш како се загреа. Дојдов до појачалото, а Влатко продолжи: Чувствуваш ли it is a holy smoke of rock and roll?
Кога си музичар, можеш во продавница да купиш гитара со златни жици, ама не постои продавница во која можеш да купиш талент, љубов и ентузијазам. Затоа Влатко е мојот херој и брат... - вели Џибони.

Веќе објавивме дека на 16-ти ноември Џибони ќе има и голем концерт во Скопје. Очекуваме исто како во Белград, и на домашен терен Влатко да засвири на неговата гитара...