ммм - македонска музичка мрежа

Џорлев сними песна со Јасна Стругар

Џорлев сними песна со Јасна Стругар

Зоран Џорлев неодамна сними песна Врати ми љубав, во соработка со Јасна Стругар од Црна Гора. Песната можете бесплатно да ја симнете од МММ, а приказната врзана за неа ни ја раскажа легендарниот маестро Џорлев, од прва рака...

Песната Врати ми ја љубовта ја напишав пред повеќе години. Многу ретко пишувам и текстови, но ова е една од ретките композиции на која сум комплетен автор. На едно од моите патувања, во Подгорица во Црна Гора го запознав прекрасното семејството на Мијо Стругар (камерман во националната Црногорска ТВ), кое пријателство трае до ден денешен.

Неговата скромна ќерка Јасна ме воодушеви со прекрасниот глас и така се роди и идејата да песната ја снимиме. Ја реализиравме во студиото ТОРУС на Александар Митевски и се надевам дека ќе допре до срцата на слушателите...