ммм - македонска музичка мрежа

„Happy“ на Фарел Вилијамс доби и Македонска верзија

„Happy“ на Фарел Вилијамс доби и Македонска верзија

 

Мега хитот на Фарел Вилијамс кој веднаш може да ви го поправи расположението и да ве крене на нозе, доби и Македонска верзија.

Манијата која кружи низ светот за создавање на свои верзии од гореспоменатата песна ги зафати и Македонците. Откако ги објавивме верзиите на Хрватската, Унгарската и многу други верзии, ред е и ние да се пофалиме со нешто наше. Интересно е да се спомне и еден интересен детаљ. “Happy” никогаш не требало да стане сингл. Имено, песната е објавена уште минатото лето и требаше да биде само уште една песна на саундтракот на продолжението на популарниот анимиран филм “Despicable Me”. Williams не бил сигурен дека сака да објави песната на својот албум кој планира да го издаде ко крајот на оваа година. Но, откако видел дека песната станала апсолутен хит, одлучил да реагира и “Happy” ја претворил во најавен сингл. Снимил и 24 часовен спот, а оригиналната и едноставна идеја им се допаднала на луѓето ширум светот кои снимиле своја верзија на истата. P Така, по Австрија, Србија, Хрватска, Унгарија... конечно и Македонија доби своја видео верзија на “Happy”. Автори на спотот се младите креативци Олег Бојаџиев, Даниел Стоимилов и Коста Андонов, а спотот е наречен “Happy (We are from Macedonia)”. Погледнете како изгледа нашата верзија на „среќниот“.