ммм - македонска музичка мрежа

Дамир Пух се пласираше во финалето на светскиот Идол

Дамир Пух се кандидираше во финалето на светскиотИдол

 

Гитаристот Дамир Пух успеа да се пласира во големото финале на гитарскиот натпревар Guitar Idol со изведбата на композицијата „Flathead”, и со истата ќе настапи на завршниот дел од натпреварувањето на 13-ти септември во салата London Olympia во Лондон. Во комбинација на избор на жирито и гласовите од публика најпрво успеа да ја помине елиминационата фаза и да се најде меѓу осумте избрани финалисти.

damir-puh1

На овогодинешниот Guitar Idol беа пријавени повеќе од 450 гитаристи од целиот свет, од аматери до професионални музичари со издадени албуми и турнеи зад нивното име. Натпреварот се одржува од 2008 година и важи за најпознат и најпрестижен гитарски натпревар во светот. Вкупниот награден фонд за сите финалисти изнесува повеќе од 20 000 долари.

Гласањето од публика се уште трае, и гласовите ќе имаат удел во крајниот исход на натпреварот. Вашиот глас може да го дадете со регистрација преку е-маил адреса, на следниов линк:

http://www.guitaridol.tv/video/damir-puh/230

Во продолжение, еве дел од коментарите на жирито за неговиот перформанс:

Damir was one of the early entrants, and we instantly knew he was something cool. Not getting sucked into the fusion thing, Damir gives us a classic rock tune with elements of Jeff Beck, Steve Lukather and Joe Satriani - That's a chorus melody you want to sing long after the song is finished too!