ммм - македонска музичка мрежа

Журкајте се одговорно со Нокаут, Eye Cue и други во Хавана

Журкајте се одговорно со Нокаут, Eye Cue и други во Хавана

 

Гоу Грин ги поканува сите кои сакаат добра и корисна журка на еду-музички настан „Празнење Батерии” со цел добра забава, развивање на јавната свест за селектирање и рециклирање на отпадни батерии и отпадни мобилни телефони.

На концертот ќе настапат „Нокаут“, „Eye Cue”, „DJ Chvare”, „Funk Shui”, „Марлон Брандо“ и „DJ K-105″. Влезницата чини пет (или повеќе) празни батерии или еден нефункционален мобилен телефон или една празна батерија од лаптоп или апарат.
Целта на настанот е добра забава и развивање на свеста кај младите за селектирање и рециклирање на батериите и мобилните телефони. Настанот е дел од проектот Гоу Клин. Целта на проектот е воспоставување на одржлив систем за управување со отпадни батерии и помал електронски отпад.

Потребата за оваа журка и одговорот на прашањето зошто треба да ги селектирате батериите посебно, може да погледнете на следното видео: