ммм - македонска музичка мрежа

Кирил Поп Христов – Кили си замина, сега е во рајот

Кирил Поп Христов – Кили си замина, сега е во рајот

 

Здравствената состојба, односно ракот на коските беше она што го натера нашиот познат актер Кирил Поп Христов Кили на имотот на брат му Владимир, Мио, да одгледува марихуана и поради тоа да заврши зад решетки. И покрај тоа што тој на судот упорно тврдеше дека ја одгледува и конзумира исклучиво во медицински цели, заврши во затвор во траење од година дена.

Неговата здравствена состојба беше главната причина што семејството Поп Христови реши да замине за Еквадор каде му понудиле лекување со алтернативна медицина, што таму е многу популарно.

Кили вели дека сe она што го барал го нашол токму во Еквадор.

Па ова е рај на земјата. Ова е земја за нас. Ова е земја за сите наши луѓе. Овде е исто како што беше во СФРЈ. А тоа кажува сe. Овде почнав да дишам. Конечно. Овде е лето постојано. Ма рај на земјината топка. А воздухот е совршен. Среќен сум, а тоа е повеќе од доволно за добро здравје. Додека дишам ќе се надевам, вели актерот Кирил Поп Христов- Кили за Вест, кој со сопругата Гордана Деан Поп Христова и ќерката Јоана ја напушти Македонија и се пресели во гратчето Олон, Еквадор, во Јужна Америка.

7v1k9400