ммм - македонска музичка мрежа

Бени им одржа предавање на средношколците

Бени им одржа предавање на средношколците

 

Бени Шаќири, (Нон -Стоп), како Амбасадор за заштита на личните податоци вчера одржа предавање во средното училиште „Владо Тасевски“ Скопје, во рамки на спроведување на проектот „Час по приватност“, организиран од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

 Внимавате ли Вие на Вашите лични податоци и колку јавните личности се должни и имаат обврска да внимаваат кому, каде и зошто објавуваат парчиња од својот приватен живот? – беше прашањето кое Бени им го постави на учениците и за кое елаборираше на средбата со нив.