ммм - македонска музичка мрежа

Темпера со нова песна, обработка на „Падот на Византија“

Темпера со нова песна, обработка на „Падот на Византија“

 

Супер групата Темпера пред својот прв голем целовечерен концерт како музичко навестување на сето она што слушателите и љубителите на нивната музика ги очекува, ја обработија познатата песна на групата „Падот на Византија“. Темата е оригинално на Горан Трајковски, датира од 1989 година, а се вика „Коњаници, коњаници“.

Темпера ја преработија и таа ќе биде една од песните која ќе ја отсвират на концертот закажан за 20 декември, во Станица 26. Инаку бендот е составен од врвни музичари, кои својот деби албум „Играј!“го издадоа и во регионот заедно со издавачот Далас Рекордс.