ммм - македонска музичка мрежа

Браво за Елена, успеа да влезе во финалето на ТЛЗП!

Браво за Елена, успеа да влезе во финалето на ТЛЗП!

 

Иако веќе две недели е болна и има проблеми со гласните жици, Елена Ристеска одлично се снајде во синоќешното издание на шоуто „Твоето лице звучи познато“ во улогата на Сиа, пеејќи го нејзиниот голем хит „Chandelier“.

Таа беше свртена со гроб и не го покажа лицето, како што тоа го прави и оваа популарна пејачка,  на сцената главната улога ја имаа танчарите, настапот беше одличен и успеа да го освои второто место од публиката.