ммм - македонска музичка мрежа

ТЛЗП: Возбудливо полуфинале, еве кој влезе во финалето!

ТЛЗП: Возбудливо полуфинале, еве кој влезе во финалето!

 

Сношти се одржа полуфиналната вечер на регионалното шоу „Твоето лице звучи познато“, во која главен збор имаше публиката која со СМС гласање ги одбра петте натпреварувачи кои ќе влезат во финалето, каде главната награда е 25.000 евра кои ќе бидат доделени во хуманитарни цели. Гостин во жирито како четврти член беше познатиот балетски играч Константин Костјуков.

Честа да ја отвори полуфиналната вечер му припадна на Звонко Пантовиќ Чипи, кој влезе во улогата на фронтменот на групата Мусе.

Screenshot_2

Неда Украден ја имитираше Мадона, со песната „La Isla Bonita“, која Мадона ја отпеа во 1986 година, истата година кога Неда ја отпеа својата антологиска „Шај роде, шај“.

Screenshot_11

Катарина Богиќевиќ се претстави со имитација на Кристина Пери, и уште еднаш докажа дека е одлична пејачка.

Screenshot_8

Јелена Гавриловиќ настапи во улогата на „Florence and Machine“, англиски инди бенд кој комбинира борокен поп и симфониски рок.

Screenshot_4

Бане Мојиќевиќ беше извонреден во улогата на Аца Лукас, а на сцената се појави и учесникот од минатата година Алекса Јелиќ за да му помогне и да го поддржи. Марија Михајловиќ демантираше дека има проблеми со Бане и го пофали и неговиот настап и него како уметник.

Screenshot_5

Елена Ристеска ја имитираше Сиа, познатата пејачка која не сака да биде позната, автор на голем број текстови на хитови од Дајмондс до Ријана. Елена влезе во улогата на Сиа, а и помогна танчарот Лука и малата деветогодишна Маша, која е светски шампион во модерни танци.

Screenshot_10
Најсмешната изведба секако беше онаа на Драган Којиќ Кеба и неговата имитација на Лејди Гага, во шокантно тесен и светкав костим, а судиите особено Иван Ивановиќ се утепаа од смеење.

Screenshot_6

Тања Савиќ имаше најтешка улога, бидејќи требаше да ја имитира Неда Украден, која и е конатпреварувач, а таа ја изведе песната „Зора је“ беспрекорно, за што беше пофалена дека ова и е најдобар настап до сега.

Screenshot_12

Она што беше вистинско освежување беше Иван Јевтовиќ и неговата изведба на Стромае, француски изведувач, познат по своите перформанси. Песната „Papa utei“ Иван ја изведе со помош на својата ќерка Софија, а настапот беше феноменален.

Screenshot_7

Ненад Окановиќ Оки настапи како Рамбо Амадеус со поддршка на водителот Бојан и беше пофален од жирито.

Screenshot_9

Оние кои по гласањето на публиката во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина се пласираа во големото финале се Бане Мојиќевиќ, Јелена Гавриловиќ, Елена Ристеска, Ненад Окановиќ и Катарина Богиќевиќ, кои ќе имаме прилика наредната недела да ги видиме во нови улоги, а ќе се натпреваруваат за наградата од 25.000 евра. Приходот од СМС гласањето исто како и главната награда, оди во хуманитарни цели.

Во вчерашната полуфинална емисија најмногу гласови доби Кристина Богичевиќ освојувајќи чек од 1.000 евра.