ммм - македонска музичка мрежа

Зоран Џорлев и Беџо издаваат албум со евергрини

Зоран Џорлев и Беџо издаваат албум со евергрини

 

Во пресрет на претстојните празници, најпознатиот виртуоз на виолина кај нас Зоран Џорлев, овојпат во придружба на својот долгогодишен пријател и соработник Бедрија Синановски Беџо, на македонската јавност ќе и подари уште еден нов албум со наслова „Evergreen Word Music“.

Имено станува збор за компијација која опфаќа 17 безвременски, светски нумери, (Strangers In The Night, Besame Mucho, Moulen Rouge, Love Me Tender…) низ кои речиси нестварно звучи течението на времето кога тоа се прелева низ прстите на двајцата виртуози. Бескрај фатен в миг…

Screenshot_13

Промоцијата ќе се одржи на 24 декември, а новиот албум по промоцијата љубителите на добрата музика ќе можат да го најдат на сите места каде се продава музика. Како подарок со овој албум Зоран Џорлев ви го подарува и својот албум со новогодишни и божиќни нумери.