ммм - македонска музичка мрежа

Одлична обработка на „Маре Маријана“ од „Само Тони и две жени“

 

Антонио Ристески, Марија Докузова и Христина Стојанова попознати како „Само Тони и две жени“ повторно со обработка на домашен хит. Станува збор за песната „Маре Маријана“, оригинално изведена од бендот „Студени нозе“, а дечките направија одлична преработка!

Антонио досега настапуваше како Само Тони – „One Man Band“ свирејќи повеќе инструменти, ја смени формацијата и настапува со двата женски вокали, Марија и Христина. Бендот „Само Тони и Две жени“ настапуваа низ Македонија, но и во Бугарија на Балканскиот младински фестивал. Последен им беше настапот со групата „Нокаут“, како специјални гости на нивниот концерт.

Инаку Антонио додека настапуваше сам покрај настапите на Бакерфест, Виноскоп, Т’к Так…, а имаше и заеднички настап и снимање на видео запис со босанскиот бенд „Дубиоза Колектив“ во песната „Kaжу” во Градскиот Трговски Центар во Скопје.