ммм - македонска музичка мрежа

Браво Бенд со нова песна во поп рок призвук ја стартуваат 2015 година!

Браво Бенд со нова песна во поп рок призвук ја стартуваат 2015 година!

 

Песната „Ало“ е авторско дело на гитаристот Драган Илиев кој се потпишува на музиката и аранжманот, додека текстот е на Огнен Неделковски, со кого имаат соработувано и претходно.

За разлика од досегашните песни кои ги промовираа од првиот албум и останатите синглови, новата песна е со поразличен поп рок призвук, динамична и полна со темперамент.

Во период кога баладите на некој начин станаа тренд на македонската забавна музичка сцена, Браво Бенд промовираат поинаква музичка енергија за која велат дека не е новитет, но и тоа како е потребна за освежување.

Најпрвин за оние што не знаат би сакале да напоменеме дека Браво бенд во ниеден момент не престанаа да создаваат музика, а за сосема незначајна ја сметаме малата промена во поставата со еден од членовите. Во историјата на сите бендови стојат такви промени, така што поголемиот дел сме тие, а нашата публика тоа најдобро го знае. Инаку, „Ало“ е синглот за кој го чекавме вистинскиот момент за промоција, а е дело на нашиот гитарист Драган Илиев, кој и претходно има создадено неколку наши песни. Вокалот и бас изведба е на Кире Денов, на тапани Дејан Младеносвки и на калавијатури Зоран Кирјаковски. Многу наскоро очекувајте уште синглови кои се веќе готови“, велат  момчињата од групата, кои очигледно малку  „утнале“ во броењето, затоа што Ристе, Жика, Аце и Атанас не се еден член туку цела група.

Screenshot_2

Инаку, продукциската обработка на „Ало“ е изведена во студиото на Гени Каревски, кој ја миксаше и мастеризираше финалната верзија што можете да ја слушнете во продолжение.