ммм - македонска музичка мрежа

Денеска, да е жив, Тоше ќе наполнеше 34 години…

Денеска, да е жив, Тоше ќе наполнеше 34 години…

 

Денеска, да е жив, Тоше Проески ќе наполнеше 34 години. Вака остана вечен дваесетседмогодишник кој на секоја помисла на него ќе ни носи сета, тага и истовремена гордост.

Денеска неговиот роденден ќе се одбележи во неговото родно Крушево, во неговата спомен куќа. На настанот ќе бидат прикажани две необјавени снимки од детството на Тоше. На едната снимка Тоше, како осмооделенец свири гитара, во придружба на хор, а на другата снимка е неговиот настап со групата „903-та“ и изведба на народната песна „Марија“.

Освен овие две снимки премиерно ќе биде преслушана англиската верзија на песната „Малечка“, од неговиот албум „По тебе“, издаден во 2005 година.

Освен внукот Кристијан кој со неговиот бенд ќе изведе неколку рефрени, годинава нема да настапи ниту едена естрадна ѕвезда.