ммм - македонска музичка мрежа

Александар Митевски оживеа постара песна на Тоше Проески

Александар Митевски оживеа постара песна на Тоше Проески

 

Александар Митевски, композиторот на познатата спортска химна на Тоше Проески, „Македонија навива за вас“, направи пост-продукција на ремиксот кој е дел од архивата на фондацијата Тоше Проески, а сега објавен во чест на роденденот на Тоше.
Станува збора за песната „Hold me tight”, дело на Никола Перевски Пере, на која Митевски сега и даде нов живот и која повторно е актуелна на задоволство на сите фанови на Тоше Проески.

Фановите на Тоше како и целата јавност денес имаат можност да се запознаат со уште едно музичко остварување. Тоа е ремиксот на темата „Hold Me Tight”, втора обработка на познатиот хит од албумот „Ако ме погледнеш во очи” издаден во 2002 година, каде доаѓаат до израз врвните вокални способности на нашата легенда, Тоше Проески – вели Александар Митевски.