ммм - македонска музичка мрежа

Најголемите бламирања што се случиле на Евровизија

Најголемите бламирања што се случиле на Евровизија

 

На големите натпреварувања се случуваат големи пропусти!

Еве ги најголемите грешки кои се имаат случено на изборот на песна на Евровизија.

Југославија 1990

Југославија беше домаќин на Песната на Евровизија во 1990 година и се случи гаф на изведбата на шпанската песна. Имено, некој заборави музичката подлога да ја премота на почеток што ги збуни изведувачите, но и гледачите. Двете натпреварувачки после само неколку секунди се повлекоа од бината, а тогаш музиката почна од почеток.

 

Швајцарија 1989

Дури и Швајцарците можат да закажат. Некој мислеше дека ангажирањето на стрелец кој ќе го гаѓа цветот е добра идеја. Секако, тој утна.

Велика Британија 1998

Никогаш не навредувајте никого во програма во живо. Тоа требаше да го знае и Урлика Јонсон која беше домаќин и ги навреди Холанѓаните токму кога нивниот претставник требаше да ги прочита гласовите.

Дана Интернационале

Ниту еден голем натпревар не може да помине без паѓање. Дана е првиот трансексуалец кој победи на Евросонг 1998 година, но пехарот и беше претежок, па падна додека ја примаше наградата.

Шпанија 1969

Системот на гласањето кој постои денес на Песна на Евровизија не постоел од секогаш. Затоа на пример во 1969 година во Шпанија имаше четири победници, Шпанија, Велика Британија, Холандија и Франција.

Грешен победник

Ок, ова не е Избор за песна на Евровизија, туку избор за британски претставник на Евросонг 2008. Водителот прочита грешно име.

Грешки во гласањето

Кога има многу земји, различни дијалекти и акценти, едноставно е неизбежно водителот грешно да го прочита бројот на поените.